Нови 10 заболени во Прилеп, вкупната бројка достигна 112

by Фокус

Нови 10 случаи инфицирани со корона вирусот денеска се регистрирани во Прилеп, со што вкупната бројка во овој град достигна 112, објави МИА.

Инаку, на Инфективното одделение на градската болница „Борка Талески“ се хоспитализирани 19 лица со Ковид-19, од кои две се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на кислородна поддршка.

Во самозолација се наоѓаат 460 лица, а изминатата ноќ не се забележани прекршувања на полицискиот час.

Поврзани новости