Ослободување на заложници, достава на помош и гориво – Израел и Хамас во преговори за тридневен хуманитарен прекин на огнот

by Fokus

Израел и Хамас водат преговори за тридневен хуманитарен прекин на огнот, пренесува Гардијан, повикувајќи се на агенцијата Асошиејтед прес.

Неименувани официјални лица од Егишет и од Обединетите нации (ОН), но и западни дипломати, тврдат дека паузата подразбира и ослободување на десетина израелски заложници кои ги држи Хамас.

Евентуален договор би можел да вклучува и влезе на повеќе помош за цивилното население во Газа и ограничени количини на гориво.

Посредници во преговорите се Катар, САД и Египет.

Поврзани новости