Вевчанскиот карневал годинава ќе се одржи без концерти

by Фокус

Со симболична поворка, без концерти и друга организација, ќе се одржи годинашниот Вевчански карневал, најави градоначалникот Сашо Јанкоски. Откажувањето на фестивалскиот дел, според него, е со цел да се спречи масовно собирање на луѓето поради ширење на пандемијата со Ковид 19.

-Општина Вевчани се откажува од организирање концертите на 12 и 13 јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага Свети Василија. Организацијата на поворките со Василичари е на Василичарските друштва Горно и Долно мало и тоа е нивно право, но и обврска – изјави Јанкоски.

Поврзани новости