Орбан: Унгарија се уште може да го запре процесот на пристапување на Украина во ЕУ

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не стави вето на вчерашната одлука на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Украина, туку дека стави вето на 50 милијарди евра финансиска помош за таа земја.

Орбан во интервју за унгарското државно радио рече дека се обидел да ги убеди другите лидери на ЕУ да не го ставаат на дневен ред прашањето за пристапните преговори на Украина, но дека било невозможно да ги убеди, пренесува агенцијата МТИ.

Според него, нивниот одлучувачки аргумент бил дека Унгарија нема да загуби ништо, имајќи предвид дека последниот збор за членството на Украина го имаат националните парламенти, вклучително и унгарскиот.

Поврзани новости