Орбан протера Иранци, Техеран и невладините протестираат

by Fokus

Унгарија објави дека наредила протерување од земјата на 14 Иранци под обвинение дека ги прекршиле санитарните регулативи за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирусот.

Одлуката е донесена и покрај протестите од Техеран и невладина организација кои го обвинуваат унгарскиот премиер Виктор Орбан дека „владеењето на правото го става во карантин “.

Вкупно 11 студенти ќе бидат протерани денеска и тројца други на 23 април за „исклучително асоцијално и насилно однесување“, рече потполковникот Роберт Кис на прес-конференција во Будимпешта.

За двајца студенти од групата кои имаа стипендија од унгарската Влада, на Орбан му било кажано дека го донеле вирусот во Унгарија. Овие недели тие беа цел на напади од некои медиуми, а премиерот ја поврза болеста со „странците и имиграцијата меѓу кои таа се шири“.

На 30 март тој прогласи вонредна состојба, врз основа на која располага со проширени овластувања, што беше критикувано од Европската унија. Невладината организација за човекови права Хелсиншки комитет оценува дека протерувањето е „политички мотивирано“.

Поврзани новости