608
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес конференција заедно со остананите главни иницијатори го најави протестниот граѓански марш што ќе се одржи во Скопје во вторник. Како главни иницијатори освен Заев се:
Вера Бунтеска, Сојуз на борци
Златко Ориѓански, музичар
Ирена Ристиќ, актерка
Томислав Кежаровски, новинар
Бени Шаќири, музичар
Атанас Костовски, спортски новинар во пензија
Влатко Васиљ, твитертиџија
Главно мото на граѓанскиот марш ќе биде „Борбата продолжува, гласот победува“, за кое Заев рече дека сите ги обединило.
-Ве повикуваме на 11 октомври за сите заедно да се огласиме со силна слободарска порака. Граѓанската акција продолжува. Ние граѓаните склучивме сојуз, си го враќаме животот, ја враќаме слободата. 11 октомври е симбол на борбата за слобода, на граѓански пркос, на народно востание, на слобода. Затоа и маршот се случува на тој датум. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја, за граѓански глас, рече Заев.