ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе мора да излезе на избори на 11-ти декември

by fokus 13:55
13:55

Како што наближува датумот за одржување на парламентарните избори и крајот на кризата, така се поголеми и поголеми стравот и паниката во СДСМ, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Целата јавност беше сведок на измислените оправдувања на СДСМ за бегање од избори околу наводните 500.000 фантоми во избирачкиот список и нефункционалноста на АВМУ. Се прочисти списокот и тој е речиси идентичен со списокот од кој СДСМ загуби со 200.000 гласови разлика пред две години. Формирано е и ад-хок тело. Бегање од избори за СДСМ веќе нема. СДСМ ќе мора да излезе на избори на 11-ти декември да се соочи со народот. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ ќе мора да го видат и доживеат мислењето на граѓаните за двегодишната криза во која што ја втурнаа земјата, се цели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Од владејачката партија додаваат дека Зоран Заев знаел дека „е до ѕид и дека веќе нема бегање од судот на граѓаните“.

Поврзани новости