ОМД бара да не се загрозува „врската меѓу татковината и дијаспората“

by Фокус

Обединета македонска дијаспора (ОМД) смета дека доколку се укине правото на дијаспората да гласа, тогаш ќе се загрози врската повеѓу татковината и дијарспората. Ова е заклучокот од  студијата „Решавање на институционалните препреки за Македонците кои живеат надвор од Република Македонија“, изработена по нарачка на Обединетата македонска дијаспора.

Поради таа причина, ОМД бара на дијаспората да и се овозможи да гласа електронски или преку пошта. Покрај ова, ОМД бара Владата на Македонија да отвори и повеќе конзулати и да формира Министерство за дијаспора.

-Овие реформи се веќе применети и испробани во низа други држави и се силни политички инструменти за зајакнување на демократијата и економијата на една нација, пишува во студијата изработена по нарачка на ОМД.

Поврзани новости