Ибраимоски предлага казна од 1.000 евра за секој кој нема да излезе да гласа

by Фокус 17:33
17:33

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимоски, смета дека ако се воведе казна за секој оној што е внесен во Избирачкиот список, а нема да излезе да гласа, нема да има можност за манипулации со гласовите на оние кои не излегле на избори. Неговата партија предлага казната да биде во висина од 1.000 евра.

-Ова го предлагаме од причини што ако секој излезе нема да има манипулации со тие што не излегле, и тогаш ќе се добие вистинската слика на гласачи и реалниот победник на избори, вели Ибраимоски.

- Advertisements -

Освен ова, од партијата предлагаат и Македонија да стане една изборна единица, со што би им се дала подеднаква шанса на помалите политички партии.

 

 

Поврзани новости