Избирачкиот список ќе се чисти со активна регистрација на гласачите

by Фокус

Работните групи од четирите најголеми политички партии се блиску до договор за начинот на кој ќе биде прочистен Избирачкиот список. На денешната средба тие ја повикаа граѓанската асоцијација МОСТ да ја презентира активната регистрација на гласачите, идеја која граѓанската асоцијација ја предложи.

-Бевме замолени да направиме една мала презентација поврзана со активна регистрација. Концептот е веднаш потоа ја напуштаме просторијата, а партиите продолжуваат со разговорите. Нашата задача е конструктивно како ресурс и како експертиза да помогнеме да се најде решение што ќе влее доверба во овој процес, изјави извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.

Активната регистрација во предизборниот процес секој гласач самиот да се пријави за гласање. Не е решено дали тоа ќе биде задолжително.

Поврзани новости