Оливер Мандиќ: Уживам во пензионерските денови

by Fokus

Пејачот и композитор, Оливер Мандиќ остави длабока трага во историјата на српската популарна музика со неговите песни. Тој веќе одамна е повлече од јавноста, но вели дека никогаш не се откажал од музиката.

„Имам 70 години и одамна ме снема. Уживам во пензионерските денови. Почнав да живеам живот како што одамна сакав, покрај моите деца, внуци. Ја сакам својата жена и ќерка, како и сите добри луѓе што се покрај мене. Музиката се уште е моја љубов и уживам во добрите и квалитетни ноти“, вели тој.

Фото: Драгана Удовичиќ

Поврзани новости