Омикронот дури сега „покажува заби“ во Словенија

by Fokus

Словенија продолжува да бележи негативни рекорди кога станува збор за бројот на заразени пациенти од корона вирус, а во последните 24 часа се инфицирани 14.206 пациенти. Петтиот бран на епидемијата прави големи проблеми за словенското здравство, затоа што 20 отсто од медицинскиот персонал е заразен.

Сојот Омикрон создава проблеми во лабораториите и другите здравствени установи, а од средината на јануари тој стана доминантен. Според надлежите, овој сој дури сега „покажува заби“ поради неговото молскавично ширење низ оваа држава.

Поврзани новости