Околу 150 вреќи пластични шишиња исчистени од брегот на Охридското Езеро

by fokus

Околу 150 вреќи пластични шишиња, остатоци од друга пластична и картонска амбалажа и други видови цврст отпад, денеска биле подигнати од крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од кампот Љубаништа до манастирскиот комплекс „Свети Наум“.

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска спроведоа интензивни активности за чистење и собирање на отпадот кој беше…

Publiée par Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид sur Mardi 10 mars 2020

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот Фејсбук профил објави дека екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го спровеле чистењето и собирање на отпадот кој како резултат на интензивните врнежи во водите на Езерото биле исфрлени преку реките кои се влеваат во овој дел од крајбрежјето.

Според Георгиески, активностите за чистење ќе се одвиваат и во следните денови поради големите количини отпад. Тој информира дека акцијата за чистење се одвива во координација со Инспекторатот од Општина Охрид и дека е издаден налог до концесионерите кои стопанисуваат со плажите во овој дел од крајбрежјето да спроведат итни активности за расчистување на истото.

Поврзани новости