Охрид не смее да биде синоним за скапо сместување, студени соби и бајат појадок

by Fokus

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски очекува 2022 година да ја заокружиме со околу 2,8 милиони ноќевања и над 400 милиони долари промет од туризмот.

Како што вели  годинава имавме одличен старт и добра средина на „трката“, но туризмот не е спринт на 100 метри, туку маратон.

-Оваа година работевме многу на перцепцијата на с транските туристи. Сега имаме јасна слика каде сме и што сме за нив – ние сме можеби последната неоткриена дестинација во Европа. Тоа ќе ни овозможи многу повеќе активни форми на туристичка понуда. Во 2022 година е се поизвесно и дека ќе ги надминеме очекувањата. Ноќевањата лани ги поставивме на 2,6 милиони. Ме изненадува позитивниот факт за прометот во туризмот кој во првата половина од 2022 година е 20 проценти повисок од 2019-та. Во овој момент е на -19 проценти од бројките во 2019 година и се држиме многу добро, нагласува Јаневски.

Според него, 2023 година ќе биде многу поразлична од 2022-ра зашто ќе почнат дигиталните практики во туристичката индустрија.

Проектот „50 села – 50 приказни“, дигитализацијата, алатката „е-визиторс“ и националната кампања преку „јутјуб“ и „гугл“, се само некои од предлозите што АППТ ќе и ги понуди на Владата во обид да добие поголем буџет за 2023 година.

 

Поврзани новости