Специјален претставник од Стеј департментот идната недела во Скопје

by fokus

Специјалниот претставник и координатор за глобален ангажман, Џејмс Рубин, ќе дојде во посета на Скопје идната недела, соопшти Стејт департментот, а пренесе „Гласот на Америка“.

Тој во истиот период ќе ги посети и Тирана и Подгорица во рамки на балканската турнеја, на која ќе се сретне со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите против дезинформациите.

Предвидено е Рубин да разговара за за напорите на малигни актери кои користат дезинформации за да ги подријат демократијата и националната безбедност, како и за колективното спротивставување на заканите во информативниот простор.

Поврзани новости