Ограбена е 62-годишна скопјанка во населба Кисела Вода

by irena 13:29
13:29

Скопјанка (62) вчера пријавила дека е ограбена на подрачјето на населбата Кисела Вода.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (25.11.2025) во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.И.(62) од Скопје пријавила дека на 23.11.2025 околу 17:00 часот на подрачјето на Кисела Вода едно лице со употреба на физичка сила и одзело паричник со пари и лични документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Слични вести