Огњановски: ГТЦ е претворен во пералница на пари на Амди Бајрам

by fokus

Коалицијата ВМРО за Македонија денеска во Градскиот трговски центар се сретна со  со граѓани и сопственици на дуќани и оттаму обвини дека досегашната влада е виновна поради тоа што ГТЦ е претворен во руина.

-Она што можеме да го забележиме од нивните изјави е тоа дека некогаш ГТЦ беше место со кое Скопје можеше да се гордее, а сега буквално е претворено во руина поради лошото раководење на трговскиот центар од страна на менаџментот кој е поставен од Владата на РМ, а даден е на Амди Бајрам и неговата фамилија, изјави Марјан Огњановски од коалицијата.

Тие обвинија дека трговскиот центар е претворен во пералница на пари за партијата на Амди Бајрам. Според нив, трговскиот центар е изграден со вредност од 90 милиони евра, а 82% е продаден на приватни фирми и сопственици, што значи дека државата инкасирала повеќе од 80 милиони евра.

Поврзани новости