Години наназад се тепаат пациенти во Психијатриската болница во Скопје, кажа министерот за здравство 

by Fokus

Тепањето пациенти во Психијатриската болница „Скопје“  според министерот за здравство Фатмир Меџити се случува со години наназад и вети дека Министерството за здравство е тука да помогне да се расчисти случајот.

Завчера на социјалните мрежи се појави видеово во кое пациенти снимаат како го тепаат новодојдениот пациент во Психијатриската болница „Скопје“, а директорот на болницата Мухсин Арифи потврди дека вчера е напревен вонреден инспекциски надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат за случајот.

„Видовте и целата јавност виде. Тоа се случува години наназад. Покренавме мерки, биле службеници од Министерството за внатрешни работи. Ако треба ќе се вклучат и судските органи. Ние сме тука да помагаме како Министерство за здравство’, изјави Меџити, во одговор на новинарско прашање што презема Министерството за здравство за овој случај.

Директорот на Психијатриската болница Арифи вчера во соопштение до јавноста рече дека  очекува во најкраток рок институционално решавање на случајот, и дека во меѓувреме вовел мерки и механизми за превенција на вакви настани.

Поврзани новости