Одбиена кандидатурата на синот на Гадафи

by Фокус

Либиската изборна комисија соопшти дека ја отфрлила кандидатурата за претседателските избори на Саиф ал Ислам Гадафи, син на либискиот диктатор Моамер ел-Гадафи, кој беше убиен за време на граѓанскиот конфликт пред 10 години.

„Саиф ал Ислам Гадафи е баран од Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото. Тој ја поднесе својата кандидатура на 14 ноември и е еден од 25-те одбиени кандидати“, се наведува во соопштението на Високата изборна комисија.

Од таму образложија дека 25-те кандидатури се одбиени врз основа на повеќе законски одредби, како и дописи од државниот правобранител, началникот на криминалистичката полиција и претседателот на Управата за пасоши и државјанства.

Додека не се знаеше каде се наоѓа, Сеиф ал Ислам изненадувачки поднесе кандидатура во Себха, на југот на земјата, откако кон крајот на јули во интервју за „Њујорк Тајмс“ ја навести можноста за враќање во политичкиот живот на Либија.

Поврзани новости