Едно лице од повредените во несреќата денеска треба да биде оперирано

by Fokus

Сите пациенти преживеани во страшната автобуска несреќа се во стабилна состојба, информираа преку соопштение од софиската болница „Пирогов“.

„Нема опасност по нивните животи. Две од лицата, кои исто така се во добра општа состојба се оперирани вчера. Повредените кои биле на интензивна нега денеска се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Едно лице од повредените денеска треба да биде оперирано“, велат од Пирогов.

Од таму уште додаваат, дека со оглед на шокот од она што се случи и тешките психо-трауми, пациентите добија специјализирана психолошка поддршка од болницата.

Поврзани новости