Од земјава заминаа уште 35 Авганистанци, добија прибежиште во Грција

by fokus

Од Влада денеска соопштија дека 35-мина граѓани на Авганистан, кои привремено престојуваа во Северна Македонија, заминале за Грција каде им е обезбедено трајно прибежиште.

– Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата, наведоа од Влада.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

– Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, посочија од Влада.

Поврзани новости