Дали две дози вакцини ќе се неопходни за влез во објектите, ќе одлучува Комисијата

by fokus

Никогаш мерките не биле носени од политички одлуки и на следниот состанок со Комисијата за заразни болести ќе биде разговарано за мерката за влез во објекти со примени две дози вакцини .Целта  на најавата пред три до четри недели беше граѓаните да имаат време за да се вакцинираат и најавивме да биде тоа би било спроведено на крајот на октомври и почетокот на ноември.Вирусот сега се шири кај невакцинираните и за жал интересот за вакцинација се намалува, кажа денеска министерот за здравство Венко  Филипче.

На новинарско прашање за тоа на што се базира одлуката за после три месеци да се даде трета доза вакцина против Ковид-19, тој рече дека ги следат препораките на меѓународните институции и дека дел од нив препорачуваат тие луѓе кои се вакцинирани со „Синофарм“ малку порано ја примат третата бустер доза. Значи, појасни министерот, се уште важи препораката за шест месеци за сите вакцинирани со другите вакцини „Астра“и „Фајзер“, а ова е само за вакцините на „Синофарм“.

– Се донесе и уште една препорака, а тоа е да се скрати времето до третата доза за вакцина за граѓаните вакцинирани со вакцината на „Синофарм“ и тоа веќе се спроведува, така што вчера околу илјада пациенти беа вакцинирани со трета доза, верувам дека за тоа ќе има интерес, рече Филипче.

Очигледно е, потенцира министерот, дека огромен е процентот на заболени кои се невакцинирани и сега вирусот се шири значајно меѓу невакцинираните граѓани.

– За жал се намали значајно интересот за вакцинација. Стигнавме до некаде 800 илјади граѓани кои се вакцинирани со најмалку една доза, од нив 760 ревакцинирани, меѓутоа високиот процент докажува дека болниците ги полнат само невакцинирани граѓани. И затоа апелирам да се вакцинираат сите, мора да го заштитат здравјето, мораме постепено да ги враќаме сите процеси во нормала и исто така е еднакво важно да го заштитиме здравствениот систем. Се уште има одделенија кои се Ковид-центри, не работат со основната дејност, се уште има систем на ротација. Во ситуација кога има вакцини на располагање сметам дека тоа не треба да биде сценарио и треба да се граѓаните свесни и да се заштитат себеси и да ги заштитиме здравствените капацитети и секако кадарот кој работи во делот на своите специјалности. посочи Филипче.

 

Поврзани новости