Од вас зависи дали ќе станете членка на ЕУ, вели Гир

by Fokus

Прашањето е дали државата може да стане членка на ЕУ до 2030 година? Одговорот е: зависи од самата држава. Задачата е значајна, обемот на реформи се големи. Ќе има подеми и падови и овде и во Брисел. Сметам дека долгорочниот пат, трасата е утврдена од ЕУ и ветувањето е реално. Зависи од оценувањето на взаемните потреби и интереси, рече евроамбасадорот Дејвид Гир денеска на тркалезната маса „Западен Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија- членка на Европската Унија до 2030 година” во организација на Советот на амбасадори.

Со цел да се постигне оваа цел, посочи Гир, мора да постои вистинска политичка решеност меѓу сите политички партии и меѓу сите институции вклучително и бизнисот и граѓанското општество. Според него, проширувањето мора да биде национален проект бидејќи навистина ќе има предизвици на патот кон ЕУ. Гир кажа дека во ЕУ и во меѓународната заедница има голема поддршка за оваа земја.

-Не сум јас тој што треба да ве убедам. Вие треба да делувате со решеност и со убеденост дека ЕУ е вашата иднина. Патот е отворен. Постои импулс, вашата иднина се наоѓа во вашите раце, рече Гир.

Поврзани новости