Од утре нови епидемиолошки мерки во Црна Гора

by Fokus

Во Црна Гора на полноќ стапуваат на сила новите анти-епидемиолошки мерки од Советот за борба против коронавирусот, кои вклучуваат подолго работно време на кафулињата и музика во живо на отворено, но и некои придобивки за оние кои се вакцинирани.

Дозволениот број навивачи на спортски настани се зголемува од 10 на 30 проценти од вкупниот број места.

Музиката во живо во угостителските објекти ќе може да трае до 23 часот, а музиката во живо на отворено до полноќ, соопшти Министерството за здравство.

Новите мерки ќе важат до 16 јули.

Вработените во државните институции, на пример, ќе добијат еден слободен ден по вакцинирањето.

Сите пензионери кои се вакцинираат во јули со првата доза на вакцината против коронавирус, ќе добијат туристички ваучер вреден 50 евра, а за начинот на остварување на ова право јавноста ќе биде информирана од Министерството за економски развој.

Приватните лица се охрабруваат да го следат овој пример.

На сите граѓани на Црна Гора кои биле вакцинирани со вакцина „Синофарм“ или „Спутник В“, како што се наведува, заради патување во странство, а доколку одредена земја го бара тоа, ќе им се обезбеди бесплатно PCR тестирање во Институтот за Јавното здравство.

Поврзани новости