Трајановски еден од потенцијалните кандидати на ВМРО ДПМНЕ

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција откри дека Коце Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје.

„Многу скоро ќе имаме тематска прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за имињата на 15-та кандидати. Очекуваме во текот на следната недела да имаме Извршен комитет на партијата, да потврдиме уште некое име, па може ќе бидат повеќе од 15.  Се работи за комплетно нови имиња, познати за жителите на општините од кои доаѓаат и првпат се кандидираат за политичка функција. Едно од имињата што се мери на анкети е и Коце Трајановски, исклучително успешен градоначалник во минатото. Едно од имињата кое се мери на анкетите е и Коце Трајановски. Има многу кандидати кои би можеле да бидат успешни и победници во дуелот со Шилегов, но ние сакаме победата да биде најубедлива досега и знак дека времето на политичките измамници е минато“, рече Мицкоски.

Поврзани новости