571
– Парите ќе ги вратам на покер, не е проблем. Накитот беше на поранешната сопруга со која веќе две години сум разведен поради обострано неверство.
Со љубовницата бевме излезени во кафеана, не погодија со песните на Недељко Бајиќ Баја и заглавивме. Малку и се испи повеќе. Среќа што малолетниот син ми ја дигна колата за искачање, па не морав да возам пијан.
Но, кога стигнав дома – ме чекаше шок. Некој ја обил вратата и ми ги украл семејните вредности – вели македонскиот демохристијанин, кој сепак се заблагодари на Владата на РМ за се што прави за да се сочуваат традиционалните семејни вредности во македонскиот дом.