Од „синдикалка“ против штрајкот на лекарите, по вторпат вмровска пратеничка

by Fokus 18:04
18:04

Владејачката партија заедно со коалиционите партии денеска ги објавија конечните листи на кандидати за пратеници за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 11 декември. Меѓу нив, во првата изборна единица на десетото добитно место се најде и името на доктор Јасмина Дамческа од ПЗЗ Здравствен Дом „Скопје“.

Доктор Дамческа на јавноста и стана позната пред четири години, кога формираше „независен“ синдикат на Здравствен Дом „Скопје“ против штрајкот на лекарите, а истовремено ги предоводеше и жените на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром. На веб страницата на општинскиот комитет  на „вмровците“ јасно може да се прочита името и презимето на тогашната прва синдикалка, како раководно лице на жените на оваа скопска општина.

- Advertisements -

Ова не и е првпат на Дамческа да седне на собраниското столче. Таа беше дел од Парламентот и во последниот мандат од 2014 до 2016 година.

Карактеристично за време на штрајкот на лекарите беше и формирањето на дополнителни синдикати како „Мајка Тереза“, кои тврдеа дека не сакаат со такви радикални мерки, како штрајкот, да се борат против проектот плаќање по успешност. Дамческа го формираше независниот синдикат, огранок на „Мајка Тереза“, само по пет дена, откако се најави генералниот штрајк на лекарите.

Таа на почетокот на октомври, во 2012 година  јавно го промовираше синдикатот, на кој едвај беа собрани неколку вработени во бели мантили. Уште поапсурно во целата ситуација е тоа, што овие лекари воопшто не беа засегнати од проектот плаќање по успешност. Дамческа во тој период, јасно стави до знаење дека, тие се борат за правата на лекарската фела, но се против штрајкот.

Од тогашниот синдикат на скопскиот Клинички центар излегоа со спротивен став. Од таму тврдеа дека, овие ново изниканти синдикати се десна рака на министерот за здравство Никола Тодоров.

Ирена МУЛАЧКА

Поврзани новости