Од СДСМ обвинување – „близок соработник на Мицкоски шмрка кокаин во кафе бар во Охрид“

by Fokus

„Еден од најблиските соработници на градоначалникот на Охрид – Кирил Пецаков, но и на Христијан Мицкоски е фатен како поседува и шмрка кокаин на сред кафиќ во Охрид. Како што информираше МВР, вчера на 9 декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

Според информациите од СДСМ, „истакнатиот член на ДПМНЕ од Пештани, е Александар Толоманоски, со прекар Дандаро, кој работи како просветен работник! Толоманоски-Дандаро важи за исклчително близок до Мицкоски и градоначалникот Пецаков“.

„Дали ова се традиционалните и морални вредности што ДПМНЕ им ги промовира на младите и учениците? Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и овој скандал кажува многу за какви луѓе станува збор. Деструктивност, уназадување, кочничари и криминални структури! Тоа е ДПМНЕ! Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски,а не само фасадата на Белата палата!“ велат од СДСМ.

Поврзани новости