Новинарите во Бразил ќе го тужат претседателот бидејќи ги повикал на прес конференција за да им каже дека е позитивен на Ковид-19

by fokus

Бразилската асоцијација на медиуми има намера да поднесе тужба против претседателот Жаир Болсонаро, затоа што ги стави новинарите во опасност од заразување со коронавирус за време на прес-конференцијата вчера на која објави дека е позитивен на ковид.

Претседателот на здружението, Пауло Жерониму де Соуза изјави дека претседателот ги прекршил препораките на лекарите за изолација со тоа што ги покани новинарите на прес-конференција.

„Болсонаро продолжи да дејствува на криминален начин и да ги загрозува животите на другите, иако знаеше дека е заразен со ковид-19“, изјаву Де Соуза.

Претставниците на медиумите го обвинија шефот на државата за кршење на два члена од Кривичниот законик, од кои едниот за „ширење заразна болест“, што предвидува казна до четири години затвор и парична казна.

Поврзани новости