Од отворање на градинките, има 15 деца и 44 вработени позитивни на ковид

by Фокус

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска, во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на коронавирус, а во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

-Здравствената состојба на сите нив е добра. Голем дел од нив се излезени од изолација, голем дел и од воспитувачите и негувателите завршиле со изолација и се враќаат на своите работни места – рече Шахпаска.

Според информаците од епидемиолозите, децата инфекцијата не ја стекнале во градинка туку ја носат од своите домови.

Поврзани новости