Од денеска тестирања за Ковид-19 и во лабораторијата во МАНУ

by Fokus

Од денеска почнува со работа лабораторијата во МАНУ каде дневно ќе се прават по 100 тестови за ковид-19.

Како што информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, во оваа лабораторија ќе се носат брисеви од болниците од цела држава, кои ќе пристигнуваат до 14 часот, по што се спроведува процесот на изолација, па на идентификација на вирусот, со што резултатите би се добивале до 21-22 часот истиот ден.

 

Поврзани новости