Пресудата за „Монструм“ одложена, судијата се разболел

by fokus

Утрово од Кривичниот суд, преку соопштение, не информираа дека објавата се одложува поради здравствени проблеми на судечкиот судија, Ивица Стефановски.

-На денешното закажано рочиште вториот судија- член на судечкиот совет треба да закаже нов термин во најскоро време кога ќе биде објавена пресудата, велат од судот.

Како што дознаваме, одлуката дали обвинетите се виновни или не, ќе биде позната најдоцна во текот на наредната недела.

Седумината обвинети за грозоморното убиство на четирите момчиња и рибарот, што се случи на Велики Четврток, пред две години, се товарат за тероризам, поради што се соочени со казна доживотен затвор.

 

 

 

 

Поврзани новости