„Пејпал“ пристигна во Македонија, ќе може безбедно да пазариме на интернет

by Фокус

Интернет корисниците од Македонија многу скоро ќе може безбедно да купуваат преку интернет, бидејќи сервисот број еден во оваа област „Пејпал“ од вчера функционира за 10 нови држави меѓу кои е и Македонија. Нашите граѓани сѐ уште не можат да отворат акаунт на „Пејпал“, меѓутоа според досегашните искуства тоа би требало да се случи во наредните неколку дена.

„Разбирливо е тоа што луѓето се плашат да даваат информации за својоата кредитна или дебитна картичка на некој продавач кој не го познаваат и кој работи во некоја далечна земја. Од друга страна, тој продавач секогаш презема ризик кога прифаќа плаќање со дебитна или со кредитна картичка од муштерии кои доаѓаат од пазар кој не го познава. Сега, со тоа што ќе отворат сметка на „Пејпај“ луѓето и од овие десет држави ќе може да купуваат на интернет без да се грижат бидејќи знаат оти ние не ги споделуваме податоците за нивните картички со било која продавница“, се вели во соопштението на оваа компанија.

На следниов линк е објаснето како се отвора сметка на „Пејпал“, нормално откако сервисот во наредните неколку дена ќе го дозволи тоа за корисните од Македонија. Покрај во Македонија, „Пејпал“ влегува и во Монако, Белорусија, Камерун, Молдавија, Брегот на слоновата коска, Црна Гора, Нигерија, Парагвај и Зимбабве.

 

Поврзани новости