Обвинителството прегледува снимки и чека меѓународна правна помош за бегството на Груевски

by Фокус

Предметот за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија се уште е во предистражна постапка во јавното обвинителство. Како што велат за Фокус од обвинителството, надлежен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот.

„Издадени се повеќе наредби за прибирање на документација, обезбедување на т.н „save sity“ снимки, снимки од видео камери од граничните премини, како и низа на известувања од надлежни институции. Воедно, побарана е и меѓународна правна помош. Во моментот се одвива прегледување на веќе обезбедените снимки. Со оглед на тоа што се работи за обемен материјал што треба да се анализира потребно е време до донесување на соодветна јавнообвинителска одлука“, се наведува во одговорот што го добивме во однос на прашањето како се одвива постапката за бегството на Груевски.

И од Министерството за внатрешни работи велат дека јавноста ќе биде соодветно информирана за наводите и сознанијата од истрагата. Во полицијата се одвива постапка за испитување на евентуална вклученост на полициски службеници и надворешни лица во бегството на поранешниот премиер непосредно пред да замине на одлежување на затворска казна.

Поврзани новости