Обвинителство: МВР нема прибрано докази за потешки кривични дела во Собранието

by fokus 20:02
20:02

Јавното обвинителство истакнува дека не ја опструира истрагата и не ги попречува надлежните органи за документирањето на настаните во Собранието на Република Македонија, реагираат од Обвинителството на обвинувањата од СДСМ дека не се истражуваат тешките кривични дела од настаните во Собранието.

-Известуваме дека Основното јавно обвинителство Скопје досега има примено кривични пријави од Министерството за внатрешни работи само против сторители осомничени за насилно влегување во Собранието на РМ и спречување на службени лица во вршење на својата функција. До овој момент од Министерството за внатрешни работи не е поднесена документирана кривична пријава за ниту едно друго кривично дело. Потенцираме, Основното јавно обвинителство од Министерството за внатрешни работи нема добиено кривична пријава против конкретни лица за сторени кривични дела, во смисла на нанесување на лесни, тешки телесни повреди и други дејствија. Доколку Министерството за внатрешни работи поднесе документирани пријави за потешки кривични дела и за сторители на потешки кривични дела, спрема нив ќе следуваат сразмерни мерки, се вели во реакцијата од Обвинителството.

- Advertisements -

Оттаму додаваат дека до овој момент Јавното обвинителство има дадено десетици наредби за откривање на сторители на потешки кривични дела, но за нив Министерството за внатрешни работи нема прибрано докази, истите не се документирани, ниту обвинителството е известено за нивното постапување.

Поврзани новости