Џафери ќе свика седница кога ќе истече рокот од десет дена кој го има Иванов

by fokus

По објавувањето на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието во Службен весник, Џафери втор пат како претседател на Собранието го извести Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство. Во емисијата „200“ во Алсат, Џафери рече дека од денеска почнува десетдневниот рок кога Иванов треба да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Писмото е заверено денеска во и е упатено до архивата на Собранието, за да може да се официјализира и од формален аспект, со цел потоа да биде пратено до Кабинетот на претседателот на државата. Уставните рокови за доделување на мандатот за поврзуваат со службеното писмо, преку кое, претседателот на Собранието го информира претседателот на државата за формирањето на ново парламентарно мнозинство во Собрание, изјави Талат Џафери.

Тој додаде дека првата собраниска седница ќе биде свикана по истекот на рокот од 10 дена на претседателот за давање на мандатот. Според ова, претседателот Иванов има рок до 19 мај да му го додели мандатот на Зоран Заев.

Поврзани новости