Обвинителот Пеливанов: Позитивен сум на Ковид-19, но не е точно дека сум одел на работа, од 21 октомври сум во самоизолација

by fokus

Обвинителот Трајче Пеливанов е позитивен на Ковид-19, но како што појаснува за „Фокус“, не е точно пишувањето на дел од медиумите, дека до денес одел на работа. Обвинителот појаснува дека уште од 21 октомври се наоѓа во самоизолација.

-На 20 октомври мојата ќерка имаше температура, по што ја тестиравме и излезе позитивна. Од тогаш и јас и сопругата сме во самоизолација, што значи дека не е точно дека изминатите денови сум одел на работа. По неколку дена се тестираше и сопругата, по што исто така излезе позитивна, а во петокот и јас, и исто така и мојот тест е позитивен, ни изјави обвинителот Пеливанов.

Тој додава дека се чувствува добро, но дека и наредните десетина дена ќе мора да остане во изолација.

Обвинителот Пеливанов беше дел од Специјалното јавно обвинителство, а по неговото згаснување се врати во скопското јавно обвинителство.

Валентина Вурмо

Поврзани новости