Обвинителите го предупредија судот за заканата на Трамп за одмазда

by Фокус

Американските обвинители го предупредија судот за објавата на Доналд Трамп на социјалните мрежи во која тој се заканува со одмазда, велејќи дека поранешниот американски претседател може да ги заплаши сведоците со откривање на доверливи докази што ги добил со обвинението.

Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, поранешниот претседател во петокот напиша: „Ако ме нападнеш, ќе те нападнам!“.

Еден ден претходно, тој се изјасни за невин по обвиненијата дека организирал криминален заговор за да се обиде да го смени неговиот изборен пораз во 2020 година од демократскиот противкандидат Џо Бајден.

Во доцните ноќни поднесувања пред федералниот суд во Вашингтон, канцеларијата на специјалниот обвинител Џек Смит рече дека објавата на Трамп на социјалните мрежи предизвикува загриженост дека тој би можел да објави доверливи материјали во јавноста, како што се транскриптите од големата порота која даде зелено светло за обвинението.

Тој побара од судот заштитни мерки со кои ќе им забрани на Трамп и неговите адвокати да споделуваат какви било материјали со неовластени лица.

Поврзани новости