Разведрување во Македонија, невремето заминува кон Бугарија

by Фокус

Националниот институт за метеорологија и хидрологија на Бугарија активира жолт метео аларм предупредувајќи на опасност од силно невреме во земјата, откако од Македонија им пристигна студен атмосферски фронт.

Се стравува дека тој ќе предизвика бура, значителни врнежи, силен ветер и град во западниот дел од државата, кој подоцна ќе се пресели и кон источниот дел и црноморскиот брег.

Во Македонија, пак, претпладнето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи, а разведрување се очекува во попладневните часови кога облачноста ќе се намали.

Поврзани новости