Обвинение за татко и син – таткото пакувал кокаин, а синот го продавал

by fokus

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против двајца жители на населба Ченто – татко и син, кои неовластено продавале кокаин на купувачи – корисници од село Кондово, Скопје, Тетово и Неготино.

– Обвинетите татко (49) и син (22), во првата половина на 2020 година, неовластено заради продажба купиле наркотична дрога – кокаин по потекло од Јужна Америка, од непознато лице, припадник на меѓународна организирана група. Купената дрога сите заедно ја пренеле преку државната граница во земјава и неовластено ја држеле во заедничката семејна куќа во населбата Ченто. Таткото имал задача, во зависност од нарачките на заинтересираните купувачи, дрогата да ја дели и препакува во пакувања од 0.5 до 5 грама, додека синот бил задолжен за продажбата. Од почетокот на јули 2020 година до 03.09.2020 година обвинетите по претходни телефонски договори, наркотичната дрога – кокаин неовластено ја продавале на купувачи – корисници од село Кондово, Скопје, Тетово и Неготино, се вели во соопштението од ОЈО.

Обвинителството предлага продолжување на мерката притвор за двајцата.

Поврзани новости