Во земјава се лекуваат вкупно 1271 пациент од ковид-19

by fokus

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 689 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 142 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 831, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во внатрешноста има околу 70 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 110, во ковид-центарот во Гостивар 48, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 84 пациенти, во Кочани 31, во Кичево 19, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1271 и има оклку 90 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Поврзани новости