Обвинение за предметот „Лидери“ кој произлезе од разговор меѓу Груевски и Ахмети

by fokus

Скопското обвинителство поднесе обвинение за предметот познат во јавноста како „Лидери“ којшто го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, а произлезе од прислушуван разговор меѓу поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој се водел додека беа коалициони партнери.

Обвинението е поднесено против педесетгодишен скопјанец кој бесправно градел зграда на два ката со површина од 1.000 метри квадратни.

-Во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана, соопштуваат од Обвинителството.

Инвеститорот се товари за кривично дело бесправно градење.

Разговорот меѓу двајцата лидери беше и јавно објавен, а Груевски Ахмети договараат дали и како да се урне објект изграден на „диво“ спроти амбасадата на САД.

Поврзани новости