За еден ден приведени шест лица кои прикажале лажен ПЦР-тест на скопскиот аеродром

by Fokus

МВР информираше дека во текот на вчерашниот ден се приведени шест лица, кои на скопскиот аеродром прикажале лажен ПЦР тест и против нив ќе биде поднесена соодветна постапка.

„На 22.02.2021 во 15.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, тетовско, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.

Во денешното соопштение од МВР стои дека вчера во 04.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(21) од Казахстан било констатирано дека на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест. Таа била приведена и задржана за понатамошна постапка.

На 22.02.2021 во 05.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, при проверка на Е.С.(48) и А.С.(46), двајцата од Кoсово, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови. Тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка.

На 22.02.2021 во 07.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“- Скопје, при проверка на Г.Х.(50) од Турција било констатирано дека на увид приложил фалсификуван негативен ПЦР тест. Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка“, соопштија од МВР.

Поврзани новости