Oбрасци има, но има и навала за документи

by fokus

Премиерот Зоран Заев тврди дека обрасци за лични документи има, но, според него, проблемот е што има навала од граѓани.

-Имаме навала на вадење документи зошто сега се отворија границите, по една година од пандемијата – рече Заев на Телма.

Според него, зголемената побарувачка е поради тоа што на дел од граѓаните им застареле пасошите и не ги обновиле.

За регистарските таблички, тој вели дека 14.000 веќе се пуштени, а во петок ќе пристигнат и нови 30.000.

-Тендерски процедури се и се запазуваат, има постапки на жалби и сл. Ние немаме проблем. Не е до парите, не е до тоа дали имаме ресурси – рече премиерот.

Поврзани новости