ВМРО-ДПМНЕ: Македонија губи со Заев, време е за оставка

by fokus

На народот му е преку глава од глупостите и лагите на Заев, Македонија со него само губи, време е за оставка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ кон вечерашното интервју на премиерот Зоран Заев на Телма.

„Зоран Заев пред 2 години не убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања со соседите, а сега кажува дека проблем се корењата. Кога Заев не лажел-тогаш или сега? Заев тврдеше дека договорот со Бугарија е најдобар, а сега гледаме дека сака да прави нов, кој ги негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија“, стои во реакцијата на ДПМНЕ.

Од партијата на Христијан Мицкоски посочуваат дека Заев работи лошо и на штета на народот.

Поврзани новости