Објавен прирачник за чистење на училиштата

by Fokus

Во очекување на протоколите со сите детали како ќе работат училиштата од 1 септември, Министерството за образование и наука објави Упатство со прирачник за одржување на училишните објекти заедно со видео како да се чистат и дезинфицираат.

Ставот на работната група на МОН и Комисијата за заразни болести е наставата во новата учебна 2020/2021 година да се следи со физичко присуство на учениците секаде каде што постојат услови и во зависност од епидемиолошката состојба во одредена средина.

Според најавата, протоколите треба да бидат усвоени на седница на Владата, но најверојатно тоа нема на биде на денешната затоа што, како што изјави за МИА заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска, оставаат Синдикатот за образование и наука (СОНК) да се произнесе со нивни мислења за моделите на настава што се предлагаат.

Поврзани новости