Обвинителен акт за момче од Скопје поради неовластено држење на оружје

by Fokus

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Обвинетиот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција. Се работи за еден пиштол марка „FEG“ со калибар 9 мм Para со рамка со 13 куршуми од тој калибар, еден пиштол KEL-TEC CNC INC со калибар 380 Auto со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми со калибар 7.5 mmR, 3 куршуми со калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми со калибар 9 мм Para.

– Оружјето и муницијата беа пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули, се вели во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот 22-годишник бидејќи тој, како што се наведува, би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​

Поврзани новости