Обама: Да можев да се кандидирам, по трет пат ќе победев!

by fokus

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама жали што не можеше да се кандидира за претседател на последниве избори.

Тој е сигурен дека доколку законот дозволуваше уште еднаш да се кандидира, повторно би победил и би добил трет мандат за Белата Куќа.

Обама верува дека се уште е омилен политичар кај поголем дел од американската јавност и дека „нацијата и понатаму во голема мера ја поддржува неговата визија, иако Американците во ноември гласаа за Доналд Трамп кој застапува политички спротивни ставови.”

Сепак, Обама порача дека е горд за се што постигнал за време на неговите два мандати.

Поврзани новости