Нуредини: Заштитата на Шар Планина и Осоговските планини не е поврзана со изборите!

by Fokus

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на денешната прес конференција говореше за одлуката за заштита на Шар Планина и Осоговските планини.

Како што истакна тој, ваквата одлука нема никаква поврзаност со изборите, за кои се најавува дека ќе се одржат во месец јуни.

„Голема корист ќе имаат општините и локалното население на заштитените подрачја. Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа. Прогласувањето значи одржливо користење на природните богатства. Ќе имаме јавни дебати за заштитените подрачја. Да ја сочуваме природата. Ова не е поврзано со изборите“, соопшти тој.

Поврзани новости