Нуредини: Загадувањето на воздухот драматично се зголемува попладне и навечер

by Фокус

Греењето во објектите и домовите, индустријата и постарите автомобили се главните причини за загаденост во воздухот, смета министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој во „10 минути“ на ТВ21 вели дека помеѓу 16 и 17 попладне и интервалот до 22 до 24 часот во текот на ноќта драматично се зголемува загадувањето на воздухот.

-Причината за ова е што граѓаните се враќаат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и други објекти во државата, а потоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините, за жал, е греењето во нашите објекти и домови. Друга причина дефинитивно е индустријата што треба да се контролира, и можеби треба да има поригорозни контроли во иднина – посочи Нуредини.

Поврзани новости